Татко ја однел ќерка му на матура откако машките ја одбиле затоа што била аутистична

Татко ја однел ќерка му на матура, откако сите во класот ја одбиле затоа што била аутистична. Тој се надева дека ова искуство барем малку ќе го промени светот. На седумнаесетгодишната Тори Перл, уште во седмо одделение ѝ бил дијагностициран аутизам.

„Она што е карактеристично за неа е тоа што се однесува како 13-годишно дете кое живее во тело на 17 годишно девојче“, рече татко ѝ Томас, кој објасни дека е посреќна кога си игра со нејзините кукли и видео игри отколку да е заинтересирана за датумот за матура.

Токму затоа идејата да оди на промотивната вечер не била толку интересна ни за нејзиното семејство се додека нивна семејна пријателка им рекла дека подготвила фустан за Тори.

Тогаш Томас се решил да ѝ го подари на ќерка му матурско танцово искуство за кое знаеле дека ќе биде нешто што ќе го памети до крајот на животот. Нејзината мајка, Ана, стапила во контакт со три момчиња од нејзиниот клас за да ги замоли да бидат нејзини придружници.

Првите двајца одбиле, па целото внимание го насочиле кон третиот. Но ѝ тој ги одбил. Тогаш Томас го направил она што би го направил секој татко на негово место ѝ го спасил денот на ќерка му.

Сфаќајќи дека нема кој да биде со неа, 50-годишниот Томас решил тој да танцува со неа. Тора била многу приврзана за татко ѝ и била воодушевена што тој побарал да танцува со неа. Училиштето и наставниците се согласиле Томас да ја придружува ќерка му, иако правилото било дека никој над 20 години не може да присуствува на забавата.

Во вистински стил на татко и ќерка, Томас бил на сите состаноци и фотосесии пред матурската забава и ги поминал сите потребни процедури. Она што ја направило вечерта уште попосебна е што ова било и за Томас прва матура. Тој како млад бил спречен да присуствува на својата.

Сега избрал и облека во согласност со фустанот на ќерка му. Кога пристигнале на матурата имало реакции. Матурантите се прашувале кој е стариот кој шетал со Тора, но имало и такви кои коментирале за тоа колку била убава. На крајот ја однел Тара на сладолед и го голем стил го одбележал големиот ден.

„Ништо не може да ги спречи децата да го прават она што го сакаат и треба да ги поддржуваме. Прославувањето на матурата и одењето на танц е важен момент за повеќето девојки. Со родителите кои ги сакаат и учествуваат во нивната среќа давајќи им максимална поддршка, сигурно нема да недостигаат успеси“, рече Томас.

 

 

Scroll to Top