Тетка и внука од Струмица ги скратија косите и ги донираа за децата болни од рак

Ангелина Ничева Пелтечки од струмичко со внуката Теодора Руменовска ги скратија косите и ги донираа за децата болни од рак. Прамените ќе бидат наменети за изработка на перики за мали пациенти кои ја изгубиле косата поради хемотерапиите.

Претходно истото го направија Ана Цветкова и малата Стефани Петковска исто така од Струмица, а косата ја скрати и Максим Каески, кој неколку години ја пуштал за да ја донира на деца болни од рак. Максим рече дека мисијата ја започнал уште во градинка.


Фото: Струмица денес

 

 

 

Scroll to Top