Тринаесетгодишниот Џејкоб Стивенс од Охајо, САД, починал од предозирање со лекови за алергија без рецепт, додека се обидувал да изведе опасен предизвик кој се шири на Тик ток.
„Њујорк пост“ пренесе дека Џејкоб учествувал во предизвикот „Бенадрил“, во кој учесниците земаат 12 до 14 таблети Антихистаминици, шест пати повеќе од дозволената доза. На тој начин добиваат халуцинации.
И покрај напорите на лекарите да му го спасат животот, Џејкоб починал шест дена подоцна. Татко му, Џастин, рече дека кога се предозирал, Џејкоб бил дома со другарите. На видеото кое го снимиле, се гледа како зема таблети, по што телото почнува да му се грчи. Бил однесен во болница и ставен на респиратор.
„Ни рекоа дека можат да го држат на респиратор, дека може да лежи, но никогаш нема да ги отвори очите, никогаш нема да може самиот да земе воздух, да се насмее, да оди, да зборува“, рече татко му Џејкоб, а пренесе „Њујорк пост“.
Семејството апелира родителите да внимаваат што децата прават по социјалните мрежи и да не им дозволуваат да ги користат без нивен надѕор.
„Внимавајте што прават на нивните мобилни. Разговарајте со нив за секоја ситуација. Сакам сите да знаат за мојот син“, рече Џејкоб, кој побара и од законодавците да создадат старосна граница за лековите без рецепти, како што е „Бенадрил“.
За жал, Џејкон не е првата жртва на предизвикот на „Тик ток“, „Бенадрил“. Во август 2020 година, 15 годишно девојче се предозирало исто така со лекот за алергија и починало.
По низата смртни случаи, производителот Johnson & Johnson предупреди дека предизвикот на „Тик ток“, е загрижувачки и опасен и дека мора веднаш да се спречи.