Баерн Минхен ги изненади сите откако му даде отказ на тренерот Јулијан Нагелсман, а на негово место го донесе Томас Тухел. Нагелсман дојде минатата сезона на местото на Јансиј Флик и во првата сезона ја освои Бундеслигата. На добар пат беше и оваа година, но работите во 2023 година наеднаш се сменија.
Баерн игра очајно во домашното првенство и во последните десет натпревари оствари само пет победи и му го препушти првото место на Борусија Дортмунд.
На крајот челниците на Баерн одлучија да го сменат. Постојат разни шпекулации во јавноста зошто е заменет, а најинтересно беше она на бившиот фудбалер на Баерн Минхен, Маркус Бабел.
Бабел играше за германскиот клуб од 1994 до 2000 година и има одиграно 261 натпревар. Освои три пехари, два купа и Купот на Уефа. За Германија одигра 51 натпревар и го освои Европското првенство во 1996 година, а одлично играше и во Ливерпул.
„Знам дека тоа што Нагелсман оди со новинарката на „Билд“, е голема тема во соблекувалната и ништо помал проблем за фудбалерите. Многу им сметаше тоа што девојката на нивниот тренер е новинарка во најчитаниот медиум во државата. Затоа фудбалерите не му веруваат затоа што се сомневаа дека тоа што ќе му го кажат ќе заврши во весниците“, рече Бабел.