Елена.Н Цветковиќ од студиото за шминка Eleni Makeup, израдува три матурантки и им подари гратис професионална шминка и фризура за матурската вечер. Таа заедно со фризерката Јулијана Грнчаревска разубавеа три девојки, матурантки од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје.

“ Освен шминката и фризурата, на акцијата оваа година се приклучија и други хумани луѓе кои донираа и облека за да биде комплетен изгледот на матурантките. Во наредните години, со оваа акција се надеваме ќе поттикнеме и други наши колеги да бидат хумани во месецот кога се случуваат матурските прослави и ќе помогнат и направат среќна некоја матурантка или матурант кој не може да си дозволи професионална шминка, фризура, убава облека или обувки. Уште повеќе се надеваме дека нема да се заборават и децата од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје‘, ни рече за Репортер мејкап артистката Елена. Н-Цветковиќ од студиото за шминка Eleni Makeup.

Во 2018 година беше првата хуманитарна акција кога во договор со професорката Ангелка од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје организираше акција за неколку ученички од училиштето.
А.Георгиев