Цела фолк естрада ќе се собере на познатиот фестивал за народна музика „Прилеп фест“

Седмото издание на фестивалот за „Народна музика“, „Припел фест“ ќе се одржи и оваа година во градот под Марковите кули. Закажан е за 1 јуни во домот на културата „Марко Цепенков“, а ќе настапат голем број познати музички ѕвезди од Македонија и регионот.

Како и минатата, така и оваа година, организаторите ветија одлична вечер со квалитетни песни.

„Со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме новите песни изведени од најдобрите изведувачи од земјава и странство“, рекоа од Советот на фестивалот.

На сцената во домот на културата „Марко Цепенков“ ќе настапат дваесетина изведувачи, а учеството го потврдија Наум Петрески, Зуица Лазова, Елена Велевска, Адријана Ацевска, Живе Мешуревски и Анастасиа Митровска, Лили Семкова (Бг), Владимир Поповски, Дрим Тим, Благоја Груевски, Алтернатор, Круна, Петар Нечовски, Дани Тик-Так, Даце Николовски, Фортуна, Барбика, Јордан Митев, Ирена Спасовска, Спасе Антевски и Марија Донева.

 

 

 

 

 

Scroll to Top