Угина и третиот коњ во Скопската зоолошка градина

Откако викендов двата од ретките пржевалски коњи со потекло од Монголија угинале во скопската зоолошка градина, утринава угина и третиот, кој беше донација на австрискиот национален парк.

Случајот го пријавиле вработените вчера во полиција и се сомневаат дека станува збор за труење, а наводите треба да се потврдат од обдукцијата.

За потсетување, неодамна, жирафата Каспер, долгогодишен омилен жител на зоолошката, угина од инфекција салмонела.

Scroll to Top