Победникот на овогодинешниот Евросонг е Украина, оркестарот Калуш со песната „Стефанија“ кој се одржа во Торино, Италија.
Овој бенд на интересен начин ги спои хип хопот и традиционалниот украински звук.
Во финалето настапија 25 земји. За гласањето одлучуваа гласовите на стручното жири и гласовите од телевоутингот од 41 земја учесничка, а поените се доделуваа по принципот 50-50.
Македонија оваа година ја претставуваше Андреа Коева која настапи на втората полуфинална вечер, но не успеа да се планира во финалето.
Инаку, Македонија најдобриот пласман ан Евровиизја го имаше во 2019 година со Тамара Тодевска кога се пласиравме во финале во Тел Авив, а претходно најдобриот пласман го имаше Елена Ристеска во 2006 година во Атина.