Иако не завршија деновите за жалост за починатата кралица Елизабета, Британците веќе го планираат погребот за нејзиниот наследник, кралот Чарлс Трети.
Погребот за кралицата се организираше 11 дена по нејзината смрт. Беше во прашање државен погреб со службите во Весминстерската опатија, а потоа и замокот Виндѕор.
Целата церемонија е организирана во согласност со плановите кои се составени одамна. Кога станува збор за смртта на кралицата, планот бил наречен Операција „Лондон Бриџ“ и вклучувал детална програма за целиот настан, од објавата на смртта, преку периодот на жалост до погребот.
Операцијата „Лондон Бриџ“ настанала уште во 1960 година, неколку години по крунисувањето и планот беше ревидиран неколку пати низ годините.
Кодното име за смртта на кралот Чарлс Трети е Операција „Менаи бриџ“, а името го добила по првиот железен висечки мост на светот во Велс. Иако Чарлс штотуку стана крал, плановите во случај на неговата смрт веќе почнаа да се прават одма по погребот на кралицата.
„За жал веќе почна со сериозното планирање за операцијата „Менаи бриџ““; рече на 19 септември поранешен кралски офицер за безбедност, Сајмон Морган.
„Тој има 73 години и сите мораме да бидеме свесни, а безбедносните служби мораат повторно да почнат да ги планираат наредните чекори“, додаде Морган.
Се очекува операцијата „Менаи бриџ“ да биде слична со „Лондон Бриџ“, а деталите ќе бидат разработени до крунисирањето на Чарлс, кое е планирано за следната година.
Одма откако операцијата „Менаи бриџ“ ќе почне, Вилијам, принцот од Велс ќе стане крал заедно со неговата сопруга Кејт Мидлтон, за која се очекува да стане кралица.
Новиот крал потоа ќе ѝ се обрати на нацијата, слично како неговиот татко Чарлс на 9. септември по смртта на мајка му, додека јавноста ќе влезе во период на национална жалост.
Кодното име за плановите во случај на смрт на монархот се воведени за да се спречи веста за смртта во медиумите, пред официјалното соопштение.