Вардар се врати во првата фудбалска лига

Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК Скопје на баражот во Кавадарци со 3-0. Двоен стрелец беше Дарко Размоски, кој го отвори резултатот уште во третата минута, а потоа и во 49.минута од мечот.

Работата за Скопје ја отежна Миле Тодоров кој направи глупост во 35.минута, фрли факел од тревникот кон трибината на Комити, а судијата Александар Ставрев му покажа директен црвен картон поради неспортско однесување.

Scroll to Top