Краткиот игран филм „ПС Бусан“ на Саша Станишиќ вечерва во мултимедијалниот простор „Кафе и филм Котур“ во Скопје ќе има македонска премиера.
Филмот е јужнокорејска продукција, што Станишиќ го сними за време на неговиот тринеделен престој во Бусан во 2019 година. Снимен е на корејски јазик, со целосно корејска екипа.
Главниот лик во филмот е 40- годишниот самец Гу, кој работи 60 часа неделно. Еднаш во неколку месеци, тој има слободен ден, кога конечно може да биде она што сака.
Проекцијата е дел од четвртото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“, кој трае до 10 октомври.
Светската премиера на филмот беше на Интерсити фестивалот во Бусан.