„Венсдеј“ го зголеми бројот на туристи во Романија на локациите не кои снимаше серијата

Серијата „Венсдеј“ која се емитува на платформата Нетфликс ги предизвика фановите на серијата да ја посетата Романија и да го зголемат бројот на туристи на локациите каде се снимаше серијата. Серијата на Нетфликс доживеа неверојатен успех минатата година кога Џена Ортега ја глумеше мистичната девојка и ја врати нејзината популарност од деведесеттите.

Сцените во градот на духовите Ерихон и Академијата Невермор, кои се во фокусот на серијата, се снимени на сетови во студиото Буфтеа во Романија, во близина на Букурешт, кои сега се отворени за туристи и за кои има голем интерес за да ја посетата оваа сега веќе туристичка локација.

Флавијан Добре, кој ја продуцираше серијата „Венсдеј“ за Нетфликс, сега организира тематски тури во Буфтеа. Тој за Еуроњус изјави дека продукцијата на оваа серија била тешка, и дека биле потребни повеќе од осум месеци за снимање.

„Во серијата беа вклучени прекрасни луѓе: луѓе кои оживеаја ѝ и дадоа приоритет на романската кинематографија, направија сè да се случи овде во студиото Буфтеа, место кое има многу силен емотивен, филмски и културен набој“, рекол Добре.

Еден романски тур-оператор, наводно, проценил дека има 55 отсто зголемување на капацитетот на хотелите во Букурешт откако се емитувала серијата и локацијата била отворена за туристите.

Актерката Џена Ортега неодамна изјави дека би сакала Лејди Гага да гостува во втората сезона. Откако Гага откри дека е обожавателка на серијата, Ортега изјави дека би ѝ се допаднало доколку поп ѕвездата и се придружи во актерската екипа.

Запрашан каков лик би можела да игра Гага, Ортега рече: „Мислам дека г-ѓа Торнхил и Венсдеј имаа чуден однос ментор-наставник, или се разбираа на одреден начин, па ако Лејди Гага требаше да биде дел од шоуто, мислам дека тие би биле две чудовишта што би се разбрале“.

Scroll to Top