Вештачката интелигенција одржа црковна служба во Германија

Четбот со вештачка интелигенција ги замоли верниците во преполната црква Свети Павле во германскиот град Фирт да станат од своите клупи и да се молат.

ChatGPT, отелотворена во аватарот на брадест црнец на џиновски екран над олтарот, почна да држи служба пред повеќе од 300 луѓе во петокот наутро на експериментална служба во лутеранска црква.

„Драги пријатели, чест ми е што стојам овде и ви проповедам како прва вештачка интелигенција на овогодинешната протестантска конвенција во Германија“, рекол аватарот со безизразно лице и монотон глас, пренесува АП.

40-минутната служба, вклучувајќи проповед, молитви и музика, ја создал ChatGPT и Јонас Цимерлајн, теолог и филозоф од Универзитетот во Виена.

Црковната служба на вештачката интелигенција бил еден од стотиците настани на протестантскиот конгрес во баварските градови Нирнберг и соседниот Фирт, и предизвикал толку голем интерес што луѓето формирале долга редица пред неоготската зграда од 19 век еден час пред да започне службата. Самата конвенција, „Deutscher Evangelischer Kirchentag“, се одржува секоја втора година на различно место во Германија и привлекува десетици илјади верници да се молат, пеат и зборуваат за својата вера. Тие зборуваат и за актуелните светски настани и бараат решенија за клучните прашања кои оваа година го вклучуваат глобалното затоплување, војната во Украина и вештачката интелигенција.

Верниците во црквата внимателно слушале додека вештачката интелигенција проповедала за оставање на минатото зад себе, фокусирајќи се на предизвиците на сегашноста, надминувајќи го стравот од смртта и никогаш не губејќи ја верата во Исус Христос. Целата служба била водена од четири различни аватари на екранот, две млади жени и двајца мажи, наведува АП.

Scroll to Top