(Видео) Баерн Минхен победи со 27:0, а сезоната уште не почната

Германскиот клуб Баерн Минхен ги започна подготовките за новата сезона со контролен меч против германскиот нисколигаш Ротах-Егерна и го победи со 27:0.

Фудбалерите на Томас Тухел не се штедеа против аматерскиот тим, осебно во првиот дел кога играа најдобрите единаесет.  Серијата погодоци ја почна Мусиала во третата минута, а потоа гол даде и Гнабри.

До крајот на првото полувреме, Баерн постигна уште 16 голови. Талентираниот тинејџер Матис Тел кој има само 18 години постигна пет гола во првиот дел, исто колку што даде и Џамал Мусиала.

Во второто полувреме во игра кај Баерн влегоа 11 нови играчи, па темпото на игра опадна и беа постигнати девет голови. Во овој период најефикасен беше Марсел Сабицер со пет погодоци.

Scroll to Top