Бившиот српски тренер Љупко Петровиќ, предизвика сообраќајка во Белград. Со „мерцедес Б180“, возел во спротивна лента и удрил во „Шевролет Авео“, управуван од 63 годишен маж. Иако не бил под дејство на алкохол не е познато зошто возел во спротивен правец.
Другите автомобили и камиони се обиделе да го избегнат, но на крајот дошло до судар на обиколница во Белград. За среќа и двајцата се живи и здрави и со полесни повредени.
За потсетување, Петровиќ се прослави со титулата во Купот на Европски шампиони во Бари во 1991 година, кога Црвена Ѕвезда со Панчев и Најдоски во тимот го совлада Олимпик Марсеј на пенали.
View this post on Instagram
View this post on Instagram