Даниела Хемсли ја оствари првата победа во професионален бокс победувајќи ја Александра Даниелка. По триумфот во Даблин реши прослави на неочекуван начин. Ѕвездата од OnlyFans, по одлуката на судиите, го подигна горниот дел од опремата и ги покаже градите на целата сала.
Снимателите на почетокот беа збунети поради голотијата, затоа што не е вообичаено на таков начин да се слават победи, а можеби најмногу се изненади водителката која се подготвуваше да ѝ земе интервју.
Хемсли, која вообичаено заработува од разголените фотографии и видеа на платформата „Only Fans“, по борбата се извини.
„Ме совладаа емоциите, само сакав да прославам“, рече таа.
Клариса Шилдс, познатата боксерка, напиша дека ова е чекор наназад за женскиот бокс и го осуди начинот на кој Хемсли бараше внимание.
Boxer Daniella Hemsley flashed the crowd on live tv after winning her first boxing match 😭😭😭😭 pic.twitter.com/T4uHcUGhMM
— Shannonnn sharpes Burner (PARODY Account) (@shannonsharpeee) July 15, 2023