(Видео) Џо Бајден го напушти студиото додека водителката го одјавуваше интервјуто

Американскиот претседател Џо Бајден со нов потег повторно стана хит на социјалните мрежи.

Претседателот имаше телевизиско интервју за MSNBC. Додека го завршуваше интервјуто, а водителката Никол Валас сè уште зборуваше, Бајден полека стана од столот и тргна да го напушти студиото.

Кога стана, водителката му рече: „Господине претседателе, благодарам“ и тие набрзина се ракуваа.

„Не одете никаде“, им порача тогаш Валас на своите гледачи, но тоа не се однесуваше на Бајден, кој, иако сè уште во кадар, продолжи да го напушта студиото.

Твитер е полн со потсмев на ова видео. „Претседателството на Бајден во едено видео“, напиша гувернерот на Висконсин, Скот Вокер на Твитер.

„Што е почудно, Џо Бајден да стане и да си оди среде интервју или Никол Валас да се однесува како да е сосема нормално Бајден да стане и да си оди среде интервју?“, „Бајден незгодно станува и оди надвор од сетот наместо да чека реклами“, „Што се случува со него?“, се само дел од твитовите.

 

Scroll to Top