(Видео) Две семејства се степаа чекајќи да се возат во Дизниленд

Две семејства се степаа во паркот Дизни на Флорида во САД. По тепачката едно лице било хоспитализирано, пренесоа тамошните медиуми. По инцидентот неколку лица биле уапсени.

Луѓето се тепале додека чекале ред за волшебното возење на Мики. Тепачката настанала откако една од девојките која го заборавила мобилниот, се обидела да се пробие низ редот и да стигне до семејството. Откако била турната, нејзините почнале прво да се расправаат, а потоа и тепаат.

Дел посетителите се обиделе да ги спречат, по што еден маж завршил во болница со огромна расекотина на лицето, додека неколку луѓе биле полесно повредени. За потсетување, насилството во парковите на Дизни е значително зголемено по пандемијата на Ковид 19. Само Дизниленд на Флорида има пријавено најмалку 6 инциденти од почетокот на оваа година.

Scroll to Top