Со знамето на Кутлеш и песната „Едно име ималме“ планинарот Благој Ѓузелов и неговиот тим од Струмица го искачија врвот Ајланд Пик на Хималаите.
Десетчлената експедиција го заврши својот подвиг кој започна на 12 октомври од плоштадот во Струмица. Врвот Ајланд Пик е рангиран со техничка тежина на искачување Алпине ПД+.
Ѓузелов е третиот струмичанец кој се обидува да искачи еден од врвовите на Хималаите, по Серафим Серафимовски во далечната 1989 година и во 2009 година и неговата ќерка Билјана Серафимовска, која на 18-годишна возраст е најмладата од Европа што го освоиле врвот Ајланд Пик.
Ѓузелов е искусен планинар кој бил дел од алпинистички експедиции во Франција, Италија, Турција, Иран.