Реакција на тројца фризери откако дознале дека нивната клиентка ја потстрижува косата поради хемотерапија, стана хит на социјалните мрежи. Видеото има речиси 16 милиони прегледи на Твитер и околу 200.000 лајкови.
Млад фризер со машинка ја отстранува целата коса на една повозрасна госпоѓа додека таа плаче, а потоа сам ја бричи целата коса од главата. Потоа му приоѓаат колегите кои исто така ја бричат косата.
„Прекрасни млади момци. Плачев“, „Инспиративно. Вакво сочувство е реткост овие денови“, „Сè уште има хуманост на овој свет“, „Буквално плачам“, „Најдобра објава на Твитер“, се само дел од коментарите.
Barbers found out their customer was shaving her head because of chemo pic.twitter.com/FiFBpW5K4U
— B&S (@_B___S) June 3, 2023