Фудбалерите на Баерн Минхен се степаа на еден од тренинзите пред големото дерби со Борусија Дортмунд во Германија. Тепачката се случила меѓу фудбалерите Лирој Сане и Нилкас Зиел, кој од претстојното лето ќе се пресели во Дортмунд.
На крајот морал да интервенира и Џамал Мусијал, за да ги смири двајцата. За потсетување, атмосферата во германскиот тим особено е напнато по испаѓањето од Лига шампиони и елиминацијата од Виљареал во четвртфиналето.
Слична беше состојбата и претходните месеци, откако голем број од ѕвездите во тимот не се согласуваат со политиките кои ги води раководството во тимот и тренерот Јулијан Нагелсман.
— Elias (@Elias_FCB19) April 19, 2022