(Видео) Генерација славеше 50 години од матура, а на прославата дојде и класниот

На Тикток се појави видео од прославата на 50 години матура во Србија. На видеото се гледа како генерацијата која матурирала во 1973 година ужива во танцување и дружење со Тајчи и нејзиниот хит „Hajde da ludujemo“. Убавата прослава воодушеви многумина, особено кога забележаа дека се појавил и класниот раководител, за кој авторот на видеото во коментарите откри дека има речиси 80 години.

„Колку ми е убаво да се види ова“, „А не можевме да се собереме на пет години матура“, „Ова е навистина одлично, да се видат луѓе по 50 години“, „Убаво, прекрасни сте“, напишале луѓето во коментарите. Видеото собра речиси 40 илјади лајкови.

@user2033740879239♬ original sound – Danica

Scroll to Top