Германката Мајра Хилс ги има најголемите вештачки гради во светот со големина 32 Z. Позната како Бешин, Хилс работи како модел за секси магазини.
Висока е 167 сантиметри, а секоја од градите ѝ тежи околу 10 килограми. Двете се исполнети со солена течност. Пред силните операции нејзините гради биле со големина А.
Од друга страна, колку ѝ да е горда на градите, во некои ситуации вели дека ѝ се товар. Има проблеми кога вози автомобил. Иако звучи смешно, потешкотии ѝ создаваат и кога оди во кино или кога лета со авион.
„Моите блузи мораат да бидат многу широки и да имаат големи резови. Исто така, градникот мора да го шијам, затоа што не можам да ги купам. Сепак, барем за панталоните и фустаните не морам да се грижам. Нив можам да ги купам и во обични продавници“, рече Мајра.
Со себе носи торба и дополнителен градник, за во случај оној кој го носи на себе пукне. Вљубена е во фитнесот и доста време поминува во вежбалница. Тогаш на себе носи и по три спортски градници еден преку друг.
Повеќе не обрнува внимание на реакциите и коментарите за необичниот изглед.
„Не можам да се кријам. Понекогаш ќе слушам некој како се смее од зад грб на улица, или ќе се загледаат во мене. Слушам и многу негативни коментари. Жените често ме мразат. Мажите најчесто се без текст или мислат дека сум порноактерка“, рече Мајра.