(Видео) Група падобранци од Британија поставија нов рекорд во скајдајвинг

Во Британија направен е најголемиот групен гајдајвинг досега со учество на тим од 41 падобранец.

Од центарот за скокање со падобран „Скајдајв Лангер“ се комбинирале за да го создадат најголемиот секвенцијален формациски скајдајвинг досега во Обединетото Кралство, пренесува „Би-Би-Си“.

„Групниот скајдајвинг вклучува учесници кои се фаќаат еден за друг за да создадат форми додека паѓаат со брзина од околу 193 километри на час“, велат од „Скајдајв Лангар“.

Тие го поставиле рекордот правејќи две  форми на небото во кои се вклучени сите учесници, 41- најголемиот број британски скокачи досега што завршиле скајдајвинг во формации. Набргу потоа го собориле сопствениот рекорд формирајќи три последователни формации.

„Неверојатно е што го постигнавме овој нов рекорд и се надеваме дека ги инспириравме другите падобранци да го следат нашиот пример и да продолжат да го туркаат овој спорт напред“, изјавил организаторот на настанот Вил Кук.

Scroll to Top