(Видео) Индијците срушија Гинисов рекорд правејќи пат за помалку од пет дена

Индијците успеаја да срушат нов Гинисов рекорд откако направија пат долг 75 километри за помалку од пет дена. На проектот работеле 720 лица. Почнале од 3 јуни во 7 и 27 часот, а завршиле на 7 јуни во 17 часот.

Сепак, експертите велат дека овој проект би можел да биде дискутабилен, бидејќи патот изгледа многу потесен од тоа што првично било замислено. Коловозните ленти се физички одвоени, но патот е многу тесен, а не се предвидени ниту ленти за застанување.

Scroll to Top