(Видео) Јапонско вселенско летало се изгуби при слетување на Месечината

Јапонско вселенско летало кое носи мал ровер изграден во Обединетите Арапски Емирати вчера се обиде да слета на површината на Месечината, со што стана првото комерцијално летало што го направило тоа.

Во историјата, само три земји т.е. вселенски агенции извршиле контролирано слетување на Месечината – САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина. Индија и приватна израелска компанија го испробаа ова во последниве години, но безуспешно.

Контролорите на летот на Земјата не можеа повторно да воспостават контакт по слетувањето на јапонскиот лендер, па леталото беше прогласено за изгубено. Лендерот, наречен Хакуто-Р, го изгради јапонската компанија „Испејс“ и беше лансиран на 11 декември со ракета на Спејс Икс, пишува Си-Ен-Ен.

На лендерот му требаа три месеци да влезе во орбитата на Месечината. Требаше да слета на нашиот природен сателит во 18:40 часот. Околу 20 минути по тоа време, извршниот директор на „Испејс“, Такеши Хакамада објави дека успешното слетување не е потврдено.

„Мораме да претпоставиме дека не можевме да го завршиме слетувањето на површината на Месечината. Нашите инженери сè уште се обидуваат да разберат што се случило“, рече тој, додавајќи дека неговиот тим успеал да собере податоци од леталото до обидот за слетување, што е големо достигнување што треба да помогне во идните мисии на „Испејс“.

Роверот Рашид тежок 10 килограми требаше да го истражува кратерот Атлас на североистокот од Месечината, неодамна соопшти Европската вселенска агенција (ESA).

„Рашид има една камера со висока резолуција на предната и другата на задната страна, како и камера со микроскоп и термичка камера. Носи и сонда за земање примероци“, соопшти ЕСА.

Scroll to Top