По само енколку часа од победата на Евроснг, украинската група Калуш Оркестра на јутјуб го објавија видео спотот за победничката песна „Стефаниа“. Видеото е со кадри од војната во Укрина по руската агресија. Во појаснувањето на спотот, членовите на Калуш Оркестра посочуваат дека видео записот се базира на вистински настани од ужасот низ кој минува Украина во изминатите три месеци.
„Оваа песна и ја посевтив на мајка ми, а кога изби војната, песната доби поинакво значење. Иако во песната нема ни збор за војната, многу луѓе почнаа да ја поврзуваат песната со мајка Украина. Дури, пак почна да ја нарекуваат и химна на нашата војна. Но ако „Стефаниа“ сега е химна на нашата војна, би сакал таа да стане химна на нашата победа“, се наведува во објавата на групата.
За неколку часа од објавувањето, спотот има над два милиони прегледи.