(Видео) Кејт Мидлтон играше тенис со Федерер

Принцезата Кејт Мидлтон играше тенис со швајцарскиот тенисер Роџер Федерер. Во пресрет на турнирот во Британија, Мидлтон му се придружи на осумкратниот шампион на „Вимбелдон“ Федерер и направија и краток филм за важноста на девојките и момчињата кои ги собираат топките на турнирот.

Во тениско бело здолниште, Кејт и Федерер прво разговараа, а потоа влегоа заедно во меч во двојки. Принцезата играше како вистински професионалец.

Scroll to Top