(Видео) Кинез стана првиот судија што на разглас ѝ објасни на публиката за одлуката

Новото правило на ФИФА, во кое првпат судија може да комуницира со публика се примени вчера на натпревар во Мароко. Главниот арбитар отсега на Светските првенства ќе може на разглас да им објасни на сите во стадионот зошто донел одлука каква што донел.

Оваа идеја почна да се тестира на помали натпреварувања во организација на ФИФА, како што се женските или првенствата во кои играат помали репрезентации. Првпат се примени на натпреварот во Тангер, меѓу Ал Ахли и Оукленд Сити.

Кинескиот судија Ма Нинг стана првиот кој преку разглас и ја објасни на публиката променетата одлука откако ја прегледа снимката со помош на ВАР технологија. Отсега судиите ќе имаат можност во истиот момент на сите, и на оние на стадионот и пред малите екрани, да им објаснат зошто ја промениле одлуката.

За потсетување, на натпреварот беше досуден пенал во петтата минута од судиското продолжение. Но, откако Нинг ја прегледа снимката на ВАР, ја промени одлуката и досуди слободен удар, но во исто време и црвен картон за играчот на Оукленд кој направи фаул. Клубот од Египет на крај победи со 3:0.

Scroll to Top