Кралот Чарлс (74) ѝ посвети емотивна порака на кралицата Елизабета на првата годишнина од нејзината смрт. На официјалниот „Твитер“ на кралското семејство се појави објава со снимен говор на кралот и фотографија од кралицата.
„Одбележувајќи ја првата годишнина од смртта на нејзиното височество и мојот престол, со голема љубов се сеќаваме на нејзиниот долг живот, посветена служба и се што таа значеше за многумина од нас. Исто така, длабоко сум благодарен за љубовта и поддршката што ни ја покажавте на мојата сопруга и мене во оваа година, во која даваме сè од себе за да им служиме на сите“, рече Чарлс.
In marking the first anniversary of Her late Majesty’s death and my Accession, we recall with great affection her long life, devoted service and all she meant to so many of us.
I am deeply grateful, too, for the love and support that has been shown to my wife and myself during… pic.twitter.com/NfM6LDWTA0
— The Royal Family (@RoyalFamily) September 7, 2023
Фотографијата на кралицата која ја објавија е направена кога имала 42 години. Направена од Сесил Битен во 1968 година и била избрана лично од кралот за да ја одбележи годишнината. Според Page Six, Чарлс и Камила нема да се појават во јавноста во петок, туку ќе го поминат денот во замокот Балморал.