Британскиот крал Чарлс Трети ја предводеше првата роденденска воена парада. Ова е првпат за еден монарх од 1986 година. Парадата, која се организира секоја година во јуни, го одбележува официјалниот роденден на кралот, кој на 14 ноември ќе наполни 75 години.
Кралот ја напушти Бакингемската палата во лесна поворка. Беше придружуван од неговиот брат, принцот Едвард, неговата сестра, принцезата Ана, како и синот престолонаследникот Вилијам.
Сите беа на коњи. Во кочија ги следеа кралицата Камила, принцезата Кејт и нејзините три деца – Џорџ, Шарлот и Луис. На свеченоста организирана во центарот на Лондон учествуваат околу 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи. Кобилата Јуно, именувана по кралицата Камила, ја водеше парадата.
Потоа следеа три коњи со тапани – Персеј, Атлас и Аполон. Коњите кои ги носат тапаните за време на парадите се најискусните животни во британските вооружени сили. Тие имаат чин мајор и се именувани по ликови од грчката митологија.
Заедно со кралицата Камила и другите членови на кралското семејство, кралот ги поздрави граѓаните од балконот на палатата и ја следеше парадата во која беа испукани 41 топовски вод од Грин парк.
За потсетување, Традицијата на парадата „Trooping the Colour“ датира од времето на владеењето на Џорџ Втори во 1748 година. Иако бил роден на 30 октомври, сакал да го искористи убавото време за да го прослави својот роденден.
This is the first time Charles has taken part in the annual ceremony on Horse Guards Parade in Whitehall as the head of state 👑 pic.twitter.com/UkAgW9RTTl
— Manchester News MEN (@MENnewsdesk) June 17, 2023