(Видео) Крокодил слободно шета во град во Австралија

Крокодил голем три метри е виден на улиците на Фицрој Кросинг во западниот дел на Австралија. Прв го видел Џеј Бедфорд во два часот утрото. Веднаш ги побарал службите на кои им требале неколку часа да го однесат.

„Се обидоа да го фатат со опрема за ловење улични кучиња, но безуспешно. Мораа да гуглаат да видат како да го фатат“, рече Џеј, кој додаде дека на крајот го фатиле со помош на средство за спиење.

Службите велат дека крокодилот се нашол на улиците по поплавите што го погодија западниот дел на земјата. Бил однесен во речниот систем, каде што живеел. Некое време службите го следеа за да се осигурат дека ќе се врати во своето природно живеалиште.

Залутаните крокодили се вообичаени во овој дел на градот. Ги исфрлаат реките и остануваат заринкани како што нивото на водата се намалува, велат службите.

Scroll to Top