Најголемиот лавиринт посаден со пченка сместен во предградието на Чикаго на свој начин ја одбележа 60-годишнината на Џејмс Бонд. Лавиринтот беше отворен викендов, а содржи над 10 километри патеки и зафаќа површина од 11 хектари.
„Секоја година имаме друга тема. Овој пат се решивме за 60 години Џејмс Бонд“, изјавил Џорџ Ричардсон, косопственик на фармата во Спринг Гроув.
Лавиринтот е направен со помош на високотехнолошки трактори, опремени со ГПС и специјални уреди за исклучување. Додека тракторот се движи по полето, се испуштаат семки пченка за да се засади шаблонот на лавиринтот до ситните детали на избраниот дизајн.