Македонската група „Либеро бенд“ имаат нова песна, „Ангел“ за која снимија и спот. Песната е авторско дело на Магдалена и Лазар Цветковски, а видео записот е на Даниел Јовески.
Песната е работена повеќе од една година, во која како бенд вложиле многу енергија и труд и ова музичко остварување го сметаат за еден од нивните најквалитетни проекти, велат од бендот.