Додека телевизиска екипа под летниковец во парк во Скопје, снима прилог со родителите на четиригодишната Бисера која боледува од дијабет, и зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат, друга мајка во истиот момент ги брка затоа што нејзиното дете требало да слави роденден.
Мајката која славела роденден побара Бисера и нејзините родители како и телевизиската екипа на Алфа Телевизија да го напуштат летниковецот поради роденденска прослава, и разговорот да го продолжат на жешкото сонце.
Мајката некултурно коментира додека новинарката разговара со родителот, и во истиот момент го прекунува снимањето. На прашањето на новинарката дали знае за што разговааат, таа одговара:
„Не ме интересира, си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината“, вели жената.
Во тој момент новинарката и родителите на Бисера го напуштаат летниковецот, додека Бисера е вознемирена и плаче.
Како што вели новинарката во прилогот, мајката на детето кое славело роденден го резервирала ден претходно летниковецот кој е јавно добро во паркот.