(Видео) Маж сакал да скокне од 31 кат од зграда на Менхетен

Полицијата во Њујорк успеа да спаси маж кој се заканувал дека ќе скокне од 31 кат од зграда во Менхетен. По осум часа убедување, успеале да го спасат. Медиумите пренесоа дека станува збор за Ијан Мичел измамник кој се сомничи за тешка измама.

Полициски службеник од единицата за итни случаи во њујоршката полиција, му се доближил и успеал да го тргне на страна. Негов колега го држел јажето, додека полицаецот се спуштал по надворешниот ѕид од зградата и скокнал низ веќе скршениот прозор каде бил Мичел.

Тимот преговарачи имало и пред вратата во ходникот од станот каде бил Мичел. Неколку часа разговарале со него пред да упаднат во собата. Го изнеле од зградата покриен со бел чаршав. Веднаш бил однесен во возило на итна помош во болница на психијатриска проверка.

Полицијата рече дека се заканувал дека ќе сконе од зградата околу 8:40 часот, додека ФБИ се обидувале да добијат налог за апсење, но не сакале да откријат повеќе детали.

Медиумите пренесоа дека Мичел наводно порано се претставувал како потомок на богато семејство од Јамајка, со цел да измами инвеститори да издвојат повеќе од стотина илјади долари за негов личен бенефит, рекоа властите за The Post во 2019 година.

Се претставувал како инвестиционен банкар Ian Matalon, роднина на богат бизнисмен од Јамајка, Џозеф Маталон и измамил најмалку три жртви да инвестираат во таканаречен лажен хенџ фонд, велат полицајците. Измаминкот наводно му ја украл половината од животната заштеда на ветеран во воздухопловство и повеќе од 158.000 долари од уште еден бизнисмен.

Обвинителството на Менхетен во средата попладнето го испитувале случајот со неговите измами.

Scroll to Top