(Видео) Маж спаси мајка со бебе во поплавите во Италија

Италија периодов беше погодена од големи поплави, особено во регионот Емилија-Романија каде голем бран ја зафати и Чезена. Улиците беа поплавени по изливањето на реката Савио. Голем број од луѓето беа качени на покривите, а некои останаа заглавени во своите влезови.

Меѓу нив беше и една мајка со девојче, која не можеше да излезе од влезот, затоа што водата во тој дел од улицата надмина преку еден метар. Некои од соседите скокнаа во водата и ги спасија, пренесе „Телеграф“.

Еден од мажите го зема бебето и го стави на рамења. Го однесе на сигурно, а друите и помогнаа на жената. Според медиумите, најмалку три лица загинаа во поплаввите, а илјадници се евакуирани од своите домови.

 

Scroll to Top