(Видео) Милионерка убила полицаец, но место во затвор ќе плати казна од само 30.000 фунти

Џезмин Хартин, богаташка од Канада и бивша партнерка на Ендрју Ешкрофт, син на британски милијардер, е обвинета дека од небрежност пукала и го убила началникот на полицијата во Белизе. Но и покрај убиството, таа нема да оди во затвор пишуваат медиумите.

Наместо да оди зад решетки, Хартин само ќе плати казна од 30.000 фунти и ќе заврши 300 часа општествено корисна работа. Покрај тоа, мора да сними и видео предупредување за опасностите од пијанство и неправилно ракување со огненото оружје.

Хартин се изјасни за виновна за убиство од небрежност на полицаецот Хенри Џемот (42) кон крајот на мај 2021 година. Џемот починал откако се здобил со прострелна рана во главата.

Ноќта кога се случило убиството, тие биле заедно на пристаниште. За време на истрагата е откриено дека двајцата се забавувале на островот Амбергрис Кеј. Според полицискиот извештај, двајцата пешачеле по плажата пред да завршат на пристаништето, каде Хенри ѝ го дал пиштол за да го тргне на страна.

Хартин им кажала на инспекторите дека била пијана додека го држела пиштолот Глок 17 и дека тој случајно пукнал. Полицијата ја пронашла Хартин во близина на пристаништето облеана во крв и вознемирена, а телото на убиениот е пронајдено во морето.

Според кривичниот закон во Белизе, максималната затворска казна за убиство од небрежност е пет години. Додека била на слобода чекајќи го крајот на нејзиното судење, Хартин даде неколку интервјуа ѝ се појави во документарниот филм „Еден куршум во Белизе“.

Scroll to Top