Голманот на Мароко, Јасин Буну на социјалните мрежи го споредуваат со шпанскиот актер Мигел Ернан кој го игра ликот на Рио во серијата „Ла каса де папел“. Љубителите на фудбалот и споменатата серија прават видеа во кои го споредуваат изгледот на двајцата.
Буну стана глобална фудбалска сензација поради добрите одбрани на Светското првенство. Покрај талентот за фудбал, корисниците на социјалните мрежи ја забележале и сличноста на голманот и актерот.
„Мигел, ти си тоа?“, пишуваат луѓето на мрежите.
Во различни видеа каде лицата на двете светски ѕвезди се менуваат наизменично, сличноста е видлива.
„Не ми се верува, како родени браќа“, „Да не му беше досадно на Мигел актерската кариера, па почна да игра фудбал под друго име“, „Како јајце до јајце“, пишуваат фанови.
@smile_e23 🤔🤔🤔 rio is that u 😂 #yassinebounou #rio #la_casa_de_papel #fyp #foryou ♬ original sound – Lou