на на медениот месец открила дека сопругот ја изневерил неколку дена откако се венчале. Таа сподели видео на „Тик ток“, објаснувајќи како тоа го преболела.
Вики останала скршена откако дознала дека сопругот имал афера брзо откако се венчале. Да биде несреќата поголема, таа дознала баш кога требале да заминат на меден месец.
Со ладна глава и прибрана, одлучила да го прекине заедничкото патување и наместо тоа заминала кај сестра ѝ и зетот, за да ѝ помогнат да го преболи тешкиот период.
Видеото од аеродром со нејзината сестра и зет го објавила на Тик ток. Оттогаш постојано споделува видеа за тоа како се носи со тешкиот период и разделбата од сопругот.
@vicvickyvic_Life’s got a plan…
„Штотуку дознавате дека вашиот сопруг имал афера и истиот ден кога треба да заминете на меден месец, сте отишле кај сестра ви да се излечите. Животот има план“, напишала Вики.
Таа објави дека со сопругот се венчале минатата година и дека не заминале одма на меден месец.
Во друго видео, откри што направила откако дознала дека сопругот ѝ бил неверен. Таа почнала да патува и да го поминува времето со семејството и да излегува со пријателите.
„Социјалните мрежи прават нашите љубовните приказни да изгледаат како на филм, но тоа едноставно не е точно. Летвичката во реалниот живот е крената високо, па се чувствуваме лошо кога работите не излегуваат како што планираме“, рече Вики.