Големата сина дупка која се наоѓа во океанот, приближно 60 милји од брегот на Белизе, и на повеќе од 400 стапки под површината на океанот каде се откриени вознемирувачки откритија.
Долго време, нуркачите не можеле доволно да ги истражуваат дупките, бидејќи немале соодветна опрема за справување со нивните длабочини.
Тоа се променило со напредокот на технологијата, но и кога за дупката се заинтересирал милијардерот Ричард Бренсон, основачот на „Вирџин“. Тој ја најмил експедицијата и нуркачот Фабиен Кусто да прави висококвалитетни фотографии и видеа од мистериите скриени под површината.
На дното на Големата сина дупка имало многу ѓубре. Тимот пронашол пластично шише од два литри, како и одамна изгубен GoPro со фотографии од нечиј одмор. Во дупката биле откриени и две тела од нуркачи кои исчезнале во големата пештера. Иако сцената била вознемирувачка, тимот одлучи да ги остави телата таму каде што биле, утврдувајќи дека дупката е добро место за последно почивалиште.
Шокантните откритија не завршиле тука, бидејќи кога екипажот нурнал со подводно возило во длабочините на дупката, пронашле голема серија пештери во кои имало висечки сталактити – научниците сметале дека е невозможно сталактитите да се формираат под површината на водата.
Откритието покажало дека пештерите, лоцирани стотици метри под површината на океанот, некогаш биле на суво. Бренсон истакнал колку е вознемирувачко откритието за состојбата на планетата во објава на Virgin.com, пишувајќи: „Сината дупка е направена од сложен систем на пештери кои некогаш се формирале на копно. Тоа е доказ за тоа колку брзо и катастрофално можат да се издигнат океаните. Нивото на морето некогаш било стотици метри пониско. Пред 10.000 години, нивото на морето се зголемило за околу 300 стапки кога стопи многу мраз низ светот. На 300 стапки надолу можеше да се види промена на карпата каде што порано беше копното и се претвори во море“, раскажал Бренсон.
Тој ја опишал сцената како „еден од најтешките потсетници за опасностите од климатските промени што некогаш ги видел“.