(Видео) Остри критики за настапот на Мараја Кери на отворањето на ЗОИ: Ја уништи церемонијата, очигледно пее на плејбек

Настапот на Мараја Кери на отворањето на Зимските олимписки игри 2026 предизвика бројни критики, а многу гледачи ѝ забележаа на пејачката за „очигледен недостаток на ентузијазам“. Церемонијата со која официјално беа отворени Игрите се одржа синоќа на историската арена „Сан Сиро“ во Милано.
56-годишната пејачка излезе на сцената во сребрено-бела облека. Таа изведе верзија на популарниот класик на Доменико Модуњо од 1950-тите, а отпеа и нејзина песна.

На социјалните мрежи не сопираат критиките за нејзиниот настап. Многумина прашуваат зошто пејачка родена во Њујорк била избрана да настапи во Италија, има такви кои прашаа дали пеела на плејбек поради впечатокот дека не се труди да ги достигне високите тонови.

“Има ли Мараја Кери италијанско потекло? Не сум сигурен зошто таму е американска пејачка, освен ако не е, можеби, исклучително популарна во Италија?”, прашуваат на социјалните мрежи со забелешка дека “обично земјата-домаќин претставува само свои таленти. Велика Британија имала Боуви, Ени Ленокс и други… не се сеќавам на ниту еден американски пејач”.

Дел од публиката пак, го анализира начинот на кој Кери го движела лицето за време на пеењето, па прашуваат дали пеела плејбек.

“Кога последен пат Мараја Кери настапи во живо? Пеењето на плејбек на италијански е нов пресврт. А има толку пејачи кои можеле да понудат нешто поавтентично “, стои во една објава на „X“.

“Мараја Кери толку очигледно пее на плејбек. Ни најмалку не се обиде да го сокрие тоа. Ја уништи церемонијата на отворање која до тогаш беше сосема пристојна”, стои во објавите на „X“.

Текстот (Видео) Остри критики за настапот на Мараја Кери на отворањето на ЗОИ: Ја уништи церемонијата, очигледно пее на плејбек е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top