Девојката и нејзината пријателка биле во кабината и менувале ТВ канали кога забележале директен пренос од различни делови на бродот
Корисничката на TikTok, Кајла Гарднер, тврди дека го фатила својот партнер како ја изневерува на крстарење со помош на безбедносна камера што емитувала во живо на телевизорот во нејзината соба.
Мислела дека нејзиното момче излегло по храна, но наместо тоа тој се обидувал да добие телефонски број на друга жена, пренесува The Independent. Мажот флертувал со неа и ја прегрнал.
„Не, не може да е тој. Девојче е тоа, боже, боже, не може“, вреснала девојката гледајќи во ТВ екранот.
Девојките снимиле сѐ што се случувало на нивните телефони и ги објавија овие видеа на TikTok.
@kayla.nicole.g Replying to @sydneys_disney_life ♬ Sneaky Snitch – Kevin MacLeod
Во коментарите на социјалната мрежа луѓето почнаа да се прашуваат што се случило по опишаните драматични настани.
„Што се случи со измамникот на крстарењето? Се надевам дека го фрливте во вода“, напиша корисник на TikTok.