(Видео) Патници скршија прозор додека се тепаа во авион

Авионот кој летал од Кернс до Дарвин, во Австралија, морал двапати принудно да слета поради тепачката која се случила меѓу патниците. Четири лица се обвинети за неред во авионот, кој се случил за време на летот над Северна Австралија на 20 април. Во една од тепачките, патниците го скршиле и прозорот.

Како што пренесе полицијата, поради тепачката,авионот морал да сврти и слета назад во Кернс. Австралиската федерална полиција привела жена и ја обвинила за недолично однесување, напад и непочитување на безбедносните упатства кои и билде дадени од екипажот.

Авионот потоа полетал и по втор пат, но избила уште една тепачка во која учествувале повеќе патници. За време на нередот бил скршен и еден прозор, пренесе 7NEWS. На видеото е снимен и вториот инцидент во кој се гледа како маж наводно со шише удира друг патник, објави „Дејли Мејл“.

Поради паниката, пилотот повторно слетал, а овој пат патниците ги пречекала полција. Биле уапсени уште тројца. Еден маж е обвинет за загрозување на безбедноста на другите, тежок напад, оштетување на имот, неред на јавно место и непочитување на наредбата за семејно насилство.

Една жена е обвинета за материјална штета, неред на јавно место и намерно загрозување на безбедноста на другите. Уште еден патник е обвинет за комерцијално снабдување со дрога, поседување дрога, попречување на работата на полицијата, недолично однесување и поседување алкохол во забранета зона.

 

Scroll to Top