Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, на прес конференција со новинарите, ги коментираше пофалбите од неговиот поранешен аргентински колега Габриел Батистута. Некогашниот голгетер го споредил Пикси со легендарните Пеле, Марадона и Кројф.
Пикси им одговорите на новинарите дека ако е вистина тоа што го кажуваат, тогаш сигурно го опијаниле пред да даде изјава.
„Сигурно сте го опијаниле, штом рекол така“, им рече Пикси на новинарите, по што тие му објаснија дека изјавата ја дал преку ден, а не навечер.
„Ако е така убаво е да се слушне такво нешто од него. Самото име за него зборува сè. Јас играв фудбал многу одамна, пред 20 години, па дури и заборавив како беше тоа“, им рече Пикси на новинарите.