Тригодишно дете кое 22 часа било зарбоено под рушевините на зграда во градот Ал Баб, во Сирија е спасено. Спасувачите успеале да го извлечат додека трагале по преживеаните во Малатија. Новинар на ТРТ-а Хакан Копур го објави видеото од спасувачката акција и рече дека само чудо го спасило.
За потсетување, Малатија беше еден од епицентрите на вчерашниот разорен земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија. Земјотресот беше со јачина од 7,8 степени според Рихтер, а само еден час подоцна следеше нов удар со јачина од 6,7 степени.
Земјотресот се почувствува и во Грузија, Ерменија и Кипар. Досега потврдени се најмалку 4372 смртни случаи, а повеќе од 7800 луѓе се спасени во 10 турски провинции, соопшти Орхан Татар, претставник од Агенцијата за управување со катастрофи.
A miracle after 22 hours!
A 3-year-old baby was just rescued from the rubble in Malatya, one of the epicenters of #Turkiye earthquake.
— Hakan Copur (@hakancopur1) February 7, 2023