(Видео) Повеќе од 1000 танчери танцуваа во Ист Гејт одбележувајќи го Светскиот ден на танцот

Повеќе од 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија вчера во „Ист Гејт“ танцуваа и го одбележаа Светскиот ден на танцот. Настанот беше и најава за Европското хип-хоп и брејкденс првенство, кое ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, како и за Интернационалниот танц фестивал DANCE OFF 2023.

И на двата настани, Скопје ќе биде домаќин на танчери од преку 20 земји од Европа.

Покрај танчерите, во „Ист Гејт“ настапи и познатиот диџеј – DJ NASTY, како и работилници по танц со повеќе кореографи од Македонија. Светскиот ден на танцот беше посветен на славењето на различноста и убавината на танцот ширум светот.

Scroll to Top