Навивачите на Барселона по натпреварот со Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа, го нападнаа поранешниот фудбалер Мартин Фенин и го претепале. Тие го легнале на земја и почнале да го шутираат, а брзо потоа ја нападнале и неговата сопруга.
Фенин го носеше дресот на германскиот клуб од 2008 до 2011 година, а во Барселона отишол да го гледа натпреварот со сопругата. По мечот се случил големиот скандал за кој пренесоа медиумите.
Фенин на „Инстаграм“ го објави видеото на кое се гледа како е нападнат од зад грб од навивачите на каталонскиот клуб.
„Немам поим зошто го направија тоа. Бевме нападнати одма по мечот на Камп Ноу. Потоа 36 часа ме однесоа во затвор ме сместија во ќелија во која беше многу студено и ме оставија без храна и вода“, рече Фенин, кој играше и за репрезентацијата на Чешка.
Засега не е познато зошто ѝ тој бил однесен и задржан во затвор. За потсетување, Ајнтрахт Франкфурт во четвртокот ја победи и елиминира Барселона од Лига Европа, со резултат 3:2.
View this post on Instagram