Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Луис Рубиалес, ја бакна во уста фудбалерката Џенифер Хермосо, за време на доделувањето на медалите за освоената светска титула.
За многумина бакнежот беше контроверзен, а се огласи и шпанската министерка за еднаквост, Ирена Монтеро, која го обвини Рубиалес за сексуално насилство.
President of the Spanish Football Federation, Luis Rubiales, Kissed Jenni Hermoso, striker of Spain. Weird 😲#WHUCHE Enzo #Asake02Arena #SpainVsEngland Ward Prowse Mudryk pic.twitter.com/o0AHerreIS
— Olamide Not Baddo (@Iam_Olamide10) August 20, 2023
„Не можеме бакнувањето без согласност да го третираме како демек само се случило. Тоа е сексуално насилство кое ние жените го трпиме секојдневно“, рече Монтеро, додека Хермосо се обиде да ги смири реакции, па рече дека станува збор за спонтан заеднички гест од големата радост и победата на Светско.
„Претседателот и јас имаме одличен однос“, рече Хермосо.
За потсетување, Шпанија стана светски шампион во фудбал кај жените, откако ја победи репрезентацијата на Англија со погодокот на Олга Каромона.