Русите открија пукнатина со големина од еден милиметар во нивната вселенска капсула, која се наоѓа на Меѓународната вселенска станица. Пукнатината предизвикала истекнувањето на течност за ладење, а била откажана и вселенската прошетка на двајцата руски космонаути минатата недела.
Шефот за вселенски летови во руската станица „Роскосмос“, Сергеј Крикалев, рече дека пукнатината најверојатно ја направил микрометеороид. Кога се создала, температурите наеднаш се зголемиле, но дека екипажот не бил загрозен.
„Прелиминарното испитување покажа дека поради дупката со дијаметар од 0,8 милиметри дошло до намалување на притисокот. Екипажот не е во животна опасност и сите моментално се наоѓаат внатре во ИСС“, рече шефот на „Роскосмос“, Јуриј Борисов.
Температурата на Сојуз МС-22 моментално е стабилизирана под 30 Целзиусови степени и капсулата е во оперативен режим. Борисов рече дека до крајот на месецот ќе биде одлучено какви мерки ќе бидат превземени во иднина.
Tonight’s spacewalk with two cosmonauts has been cancelled as mission controllers evaluate an observed leak on the Soyuz MS-22 crew ship. More… https://t.co/RhlT1kPS7L pic.twitter.com/MyiKMDCGeA
— International Space Station (@Space_Station) December 15, 2022
Во случај Сојуз МС-22 да се покаже дека е неисправен, Русите би можеле да испратат резервно летало за да ги врати космонаутите на Земјата. Леталото ќе биде подготвено за полетување на 19 февруари.
Ниту американската вселенска агенција ниту „Роскосмос“ не го разјаснија температурниот опсег на вселенското летало, колку леталото се приближило до тие граници, колку течност за ладење истекла или кога истекувањето престанало.
За потсетување, вселенското летало „Соју“з ги превезе космонаутите Сергеј Прокопјев и Димитри Петелин заедно со астронаутот на „НАСА“ Франко Рубио, до вселенската станица во септември, што е првиот заеднички американско-руски лет според обновениот договор меѓу НАСА и Роскосмос.
Русија стави до знаење дека можеби повеќе нема да учествува во транспортот на екипажот до ISS и дека е можно да лансира своја вселенска станица.
Problem with Soyuz MS-22 on the ISS right now! pic.twitter.com/V4Ymvnn2D1
— Chris Bergin – NSF (@NASASpaceflight) December 15, 2022
Борисов уште во јули изјави дека Меѓународната вселенска станица ја надживеала својата намена и дека е опасна за космонаутите, но и дека Русија и САД ќе продолжат со научната соработка.
Меѓународната вселенска станица е со големина на фудбалско игралиште, која орбитира околу 400 километри над Земјата, а од 2000 година е управувана и од Американците и Русите и Канаѓаните, Јапонците и уште од 11 европски земји.